Уште еден ден, на прагот на оваа година што полека заминува, уште еден ден кога ништо ново не се случува, повторно исти приказни на историја која се повторува, од која никој ништо не научи, на позитивно никој не поучува.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во врска со тоа, од кај им се парите на Јанческите, додека времето не ја донесе вистинската приказна, во две различни времиња во Потковицата заживеа една иста приказна, но во две варијанти и со две различни главни личности.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Додека пак, повторувањето десет пати на истата приказна, произлегува од чувството на преголема скромност: ова е однесување како другите воопшто да нѐ не слушале, што не е ни секогаш така. (276) Она што бива уништено уште побрзо од озонскиот слој, е суптилниот слој на иронија којшто нѐ штити од зрачењата на глупоста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И ако сите други ја прифаќаат лагата што ја наметна Партијата - ако сите записи ја кажуваат истата приказна - тогаш лагата поминува во историјата и станува вистина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека од касетофонот се извива опивниот звук на гитарата на Рај Кудер од Вандерсовиот „Париз - Тексас“ ги поврзувам овие две белешки, запишани попладнево, во делови од една иста приказна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како и секоја година воова време, ја повторува истата приказна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Секој ден ги слушам истите приказни на тв- програмите кои известуваа за овие банални вести, вести пак исти вести!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Како што можете да видите, MacGuffin е всушност баш ништо.” MacGuffin значи одговара точно на она што во Лакановата теорија настапува како objet petit a, објект - причина за желбата, што само претставува „позитивизација на ништожноста”: чисто причинување, чијашто „реалност” е само во интерсубјективноста, во тоа што го поттикнува случувањето меѓу субјектите, празно место што делува како причина за желбата и е како такво ретроактивно воспоставено од желбата. (Кога сме веќе кај тоа, таа темелна логика на MacGuffin доаѓа уште појасно до израз во друга верзија на истата приказна: „Што има во пакетот на полицата?“
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Така понекогаш ни се чини дека човештвото од првиот блесок на свеста, низ векови си ја прикажува, во милиони варијанти, наспоредно со здивот на своите гради и со ритамот на својот пулс, постојано истата приказна“, вели Иво Андриќ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Или, на друго семантично рамниште, кога во истата приказна истиот јунак, предок на махараџата Раџнапур кој уште во 1521 година се расправал со ајдуци, ќе му претскаже на нараторот дека „по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку понајчесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуват, здрави ќе излегуваат“ - што друго значи тоа освен дека нараторот ќе стане поет и дека со својата поезија ќе ги лекува луѓето?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Секое утро, веќе четири дена по ред, се повторува истата приказна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И тој имаше тетратки, во кои беа испишани истите приказни од оној „вистинскиот“ автор што ми диктираше додека го дружев. Беа сосема идентични.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но и таа, ако ја прашаш, ќе ти ја раскаже истата приказна за ѓаволчето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Отец Кирил се посомневал дека слепецот од Кападокија е измамник, и дека знае само една и иста приказна која ја кажува секогаш, без разлика какво слово и со какво писмо е забележано на штичката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога утрината му ја подал новата штичка, со наши, а не со негови букви сочинета, тој со прстот сѐ така еднакво минувал и од збор до збор ја повторувал истата приказна од минатата ноќ: богот слегол од небото на земјата и сотворил сѐ што постои денес на лицето на земјата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Идејата беше да ја земеме истата приказна - легендата за Гилгамеш.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Дедо ми Марко, кога ние трите бевме мали, ни раскажуваше постојано сѐ една иста приказна за принцезата Дуња-Ѓузел.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сестра ми се будеше секоја ноќ и секогаш со исти зборови ја започнуваше истата приказна: „Ова е крајот на Европа.“ „На Европа многупати ѝ доаѓал крајот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сакав да покажам како секој од нив визуелно прикажува иста приказна но од различен агол на гледање.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)