Како младите луѓе што во работењето претпочитаат скокови наместо постепено, но постојано работење во еден ист правец, и младите народи ги претпочитаат скоковите пред постојаната упорна работа во еден ист правец.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Каква ќе биде судбината на зборот мезе во нашата листа? запраша Камилски откако го почувствува лезетот на кавијарот од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Обајцата се насмевнаа, мислите им одеа во ист правец кон модриот патлиџан!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Скоро исто по големина, во ист правец, со ист замав.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ќе ги премолчеме ли за да продолжиме во ист правец.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ајде, Анка! Таа тргнува напред, кофата од бунарот полека се крева преку макарата по која се лизга сајлата, Пандил сега само ја подзема, ја истура на купот, јас ја враќам мазгата назад, рикверц, по истиот правец (мене ми се падна во дел оваа работа), кофата се симнува долу, Вангел ја полни, и пак сѐ одново.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Треба да дуваат во истиот правец, зошто ако се разидуваат перките ќе се искршат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А јас, како број 1, свртена на истиот правец во спротивна насока, пишувам со кратенки, за да не ме разберат другите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Значи, можно е Ивана и Игбал да се сретнат, летајќи во ист правец.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ова откритие малку ме утеши.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Рипнав од креветот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, дали може да ја сретне ако случајно лета кон исто место и во ист правец со својот килим, а таа со нејзиниот авион?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се оддели од дирата и зачекоре на десетина чекори од неа, напоредно со неа, продолжувајќи да ја следи во истиот правец, но внимавајќи ниеднаш да не ѝ се приближи и не испуштајќи ја од погледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Многу брзо по она негово враќање, побрзо одошто можеше и да се претпостави, братучедот повторно замина во оној ист правец, или, поточно се врати таму од каде што беше дошол, ѝ се врати на смртта, но овојпат тоа враќање или зминување беше засекогаш. ...
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Одевме во ист правец, но тие одеа брзо, и јас се поттргнав, се залепив до ѕидот на една куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледав во нивните лица и тела, во пердувите, крлушките, клуновите, перките, криљата, со кои беа покриени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)