EVENTIDE Ветерот нѐ прима во вечерна свила. Под нашите кошули со кокетни крила пулсот кревко трепти со благост на сирак; некој е жеден денес, ние сме телесни секојдневно ни мавта една блиска вила кон истиот пехар со пурпурна шира да појдеме во нашите движења извесни додека сме спокојни, додека сме лесни.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Доаѓаме со круна доаѓаме со бели знаменца во некоја рака ветрот овде дува поволно за нашите раменца и кошулите нѐ галат во јаболката на вратот, има еден чуден пресек на тоа место низ него нѐ води вечерта по патот на свилата, сјајот, заплетот во пресврт еден скромен престол да седнеме пред да падне ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Откако нѐ веселат конечни сите далеку поставени цели гордоста ни расте со примамлив прелив нашите ноќи се бели, ние сме вечни мрежите се патишта со променлив пречник и тивка е тајната на нивните делти; заплетот нѐ чека со еластични пети да појдеме силни, да појдеме невини во нашиот млад беспомошен немир. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 135
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)