Насекаде истиот одговор: школски дипломи...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Седевме уште долго. Тоа, пак тоа. Истите разговори- истите одговори. Излез не гледавме никаде. Целата вечер беше загубена.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Можеш ли да седнеш сама? – ја прашував јас постојано, мислејќи дека е нормално на стар човек да се понуди помош, но секогаш наидував на истиот одговор.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Како не постои? - уште еднаш Јана го заврте истиот број и повторно го доби истиот одговор - „Телефонскиот број не постои“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Речиси во истиот миг на двајцата им се совпадна ист одговор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- А, ти, постојано го поставуваш истото прашање.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Секако – одговори таа мирно. - Постојано го слушам истиот одговор – негодував.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ги прашував околните дуќанџии каде се наоѓа влезот на зградата, а тие ми го даваа истиот одговор што и јас им го давав на оние што мене ме прашуваа - дека сигурно е странично, лево или десно.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тој секогаш имаше еден и ист одговор - немаме услови за тоа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во Заводот за вработување знаеше дека ќе го слушне истиот одговор од несмасниот референт...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
По половина час истите прашања а јас истиот одговор, се разбира само еден, а тие мене - втората чаша со масло.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од црквичето се слуша ист одговор.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
-Не сум жеден – го доби истиот одговор.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)