Со истата нежност го соголи часовникот, го ослободи од капакот и безгласно ставајќи го окуларот, се наведна. – Што прави? – прошепоте Ема. – Ништо не му е , се чу гласот, а веднаш потоа лицето се откри, необично ведро и младешко – Земете го, сè е во ред.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)