Тој се обиде, со сите сили, борејќи се со одземеноста на дел од лицето, да ни ја упати истата благост со која н пречекуваше, истата насмевка, исполнета со љубов и со топлина, за да ни го потврди своето сигурно враќање во живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Господе! - Над нејзината глава забележа две исти насмевки со две подбрадни дупчиња и две исти брчки меѓу очите. Две полни усни од кои извираше кураж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Директорот на нашиот театар и не помислуваше да му одговори задржувајќи ја истата насмевка – клише.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Истата насмевка како и тогаш, и сега играше на неговата долна уста.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали и можностите ги броиме според пречките што успеале да не расколебаат?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали го следев со иста насмевка потпишувањето на барањето од Ѓурчина и броењето на прстите од Таша?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На лицето од рабинот, под сериозните челично-сиви очи одново се појавува истата насмевка што ваквите вечери му тлее како штотуку запалена лампа за Ханука.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во работилницата стоеја купчиња замесена глина и неколку подигнати тркала за обликување на садовите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Влегоа со истата насмевка од надвор.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)