- Како рекана; истите маки што ги поминува од нејзиниот извор до вливот: паѓање низ стрмнини, дробење, пробивање теснеци, малку успокојување во рамнината, пак совладување кривина по кривина, пак натаму во нови неизвесности и искушенија...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога дојде време да се породи Кала, почнаа истите маки какви што ги имаше порано: ја тресеа трески и од силни болки ѝ идеше да ја искубе косата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Се разбираа длабоко во себе оти минувале низ исти маки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)