Е, за таква шлаканица, деновиве прочитав во незавршениот роман на Петре М. Андреевски , „Бежанци“, поточно во расказот „Шлаканица“, еден од осумте раскази (објавени во истата книга со незавршениот роман) под заеднички наслов „Боеми“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со оглед на артефактот кои патемно се споменуваат (разузнавачки слжби, американски долари) јасно е дека овојпат не станува збор за книгата напишана од пустиножителот пред десет века, туку за модерната визија на истата книга.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но, ајде што не чита постојано сè иста книга, туку ги менува на два дена, и тоа од оние најдебелине?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Поим немам како ѝ успева толку брзо да ги прочита. Како да ги голта.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И ги гледаше книгите, секогаш истите книги, отворени, небаре излегле од нив јагулите и бараат излез, го бараат својот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На принцезата секоја ноќ ѝ читал една иста книга, а во книгата пишувало: „Си бил еден цар, си имал принцеза - ќерка, на принцезата секоја ноќ ѝ читал една иста книга, а во книгата пишувало: „Си бил еден цар, си имал принцеза - ќерка...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)