Имено, со чл. 7 ст. 2 од Законот за адвокатурата се предвидува дека адвокатот може да вработува други адвокати, адвокатски стручни соработници, адвокатски приправници и работници за вршење административни и помошни работи на начин и под услови определени со закон, додека пак со чл. 27 од истиот закон, сосема контрадикторно на чл. 7, се утврдува дека адвокатскиот приправник може стручно да се оспособува заради стекнување услови за полагање на правосуден испит и самостојно вршење на адвокатската дејност и без засновање на работен однос!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со неа, покрај тоа што настанаа промени во висините на казните (чл. 3 и 4, ЗИДЗВОСН/авг.08), беше воведена и постапката за помирување како начин за наплата на паричните каз- ни, согласно новиот Закон за прекршоците од 2006 година (чл. 5). 13 Глобите што беа предвидени за работодавците-правни лица се намалени од околу 3.200 до 4.900 евра на 2.000 до 4.000 евра во денар- ска противвредност, додека кај глобите за работодавците-физички лица (поранешните поединци што вршат занаетчиска или професионална дејност) дојде до намалување на минималната (од околу 600 10. Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 130/09. 11. Согласно чл. 24 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 106/08. 12. Согласно чл. 3 од истиот Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи и Одлуката на Уставниот суд, У. бр. 134/2005-0-0 од 29 март 2006 година. 13. Закон за прекршоците, Сл. весник на РМ, 62/06. 88 на 500 евра), а зголемување на максималната казна (од околу 800 на 1.000 евра).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај ова, со истиот закон се регулираше и исплатата на дивиден- да, т.е. се прецизира во кои случаи се забранува исплатата на диви- денда кога сопственичката трансформација на претпријатието не е извршена согласно со Законот за општествениот капитал (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тој немаше поинаква душа, не живееше во некој друг свет, туку напротив, беше израснат на истата земја како и другите, по истите закони и обичаи беше воспитуван, а сепак стана поинаков од сите нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Затоа не веруваше и не се согласуваше со оние што малодушно, со сета слабост на човечката природа му велеа дека доблеста е тешка, а пороците лесни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)