Место сето тоа чу: „Што сакаш да сторам за твоето утре, попе?“ Очигледно се обидуваше да биде повесел и се насмевнуваше откривајќи исти заби какви што имаше и Отец Симеон. „Да го прочитам тоа утре од твојата дланка?“ Под кожата на Отец Симеон проструи нешто студено.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)