Можеби е тоа жедта кон промената. Онаа иста жед со која жителите на Градот на постојаната есен го исчекуваат избивањето на лисјата, иако лисјето се раѓа жолто.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сега кога знаеме оти младоста ги напушта и похрабрите од нас нема повеќе по што да жалиме Блаже, да каснеме од твоите Чушки Горчината е најблагиот корен на сладоста Нас слична глад и иста жед нè измачува Да седнеме на софрата на Поезијата негде скраја Подалеку од челното место И од оние кои шумно зборуваат а тихо мислат Сакам да ме поучиш како засмејуваат обичните зборови оние зад кои ја криеше тагата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)