- Јас обожавам да скијам – не сум како него – одбивав да бидам ставена во истата група.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Денес 90% од возрасната популација консумира алкохол и, покрај забраната со закон, познато е дека 60% од децата помеѓу 13 и 17 год. купуваат алкохол, и околу една третина од истата група консумираат алкохол барем еднаш неделно, иако се работи за мали количества и дома.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Но, ти обожаваш да спиеш до пладне и одвај се извлекуваш од кревет – ме потсети татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кон истата група на стари христијански системи на писмо, како што веќе рековме, се придружува и ерменското писмо, наречено yerkatagir, што значи железно писмо, а како и во случајот со готскиот алфабет, така и создавањето на ерменското писмо му се припишува на еден човек - првоучителот Месроп Маштоц (361-440) и на неговата дејност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Притоа, основниот извор на готските супститути е старото рунско писмо, а врската со руните се покажува и во специфичните имиња на готските букви, преземени од наименувањата на старите знаци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)