Му реков: - За твое добро ти велам да не ги повторуваш истите грешки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таа упорно ги повторуваше истите грешки, еднаш засекогаш, или секогаш одново.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Паметам една песна на поет во која тој се заколнува дека нема да повтори една иста грешка во животот, а сепак останува повторно зинат и зачуден, и тоа не само еднаш, пред истата таква грешка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ги прават постојано истите грешки и ум не им доаѓа да сменат нешто, да најдат друг начин да се однесуваат со нас, а не да го повторуваат сè тој што не дава никакви резултати.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И ние децата сме исти, мислам, кога се во прашање грешките.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Постарото, машкото, ја наследи вообразеноста, гордоста, суетата и тврдоглавоста на таткото, па како што растеше, сакајќи да докаже дека е поинаков, постојано ги правеше истите грешки што ги правеше и татко му.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Да, навистина, - се обидов и јас да направам тетка ми да не се чувствува непријатно поради нејзината реакција со тоа што ќе ѝ дадам комплимент, - оваа куќа е најубавата и најблескавата куќа во која сум бил, навистина! - и ентузијастично кимнав со главата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сепак, вториот пат кога ѝ објаснуваше на тетка Олга зошто доаѓам во реонот, се поправи и рече "екологисти" откако прекорно ја погледнав кога насетив дека повторно ќе ја направи истата грешка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А истата грешка им се заканува и на нашите езерскиве јагули... Но, кога и како?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)