Дерида го наведува Бенјамин на следниов начин: Бидејќи, исто како што фрагментите на амфората, доколку некој може да ја реконструира целината, мора да се поклопуваат до најситни детали, но не се неидентични, така преводот, наместо да се приближува до значењето на оригиналот, попрво, со љубов во полна живост, го пренесува во сопствениот јазик модусот на интенција на оригиналот: на тој начин, така како што остатоците се препознаваат како фрагменти на иста амфора, оригиналот и преводот се препознаваат како фрагменти на еден поопфатен јазик.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)