испитувачки (прид.) - поглед (имн.)

Деница застана пред огледалото, си ги стави рацете на двете страни од вратот и, спуштајќи си ги полека надолу, кон градите, се загледа во своите очи, со долг и длабок, испитувачки поглед.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На тоа особено ме наведе неговото прашање: „А, што рече?, кога јас ништо не реков, ниту пак одговорив на тоа прашање кое тој го продолжи со нем испитувачки поглед.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го забележав испитувачкиот поглед на Грофот, но ниту за момент не се одделуваше од везот што беше пред него на белата хартија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Неусогласености помеѓу моите рамислувања и постапките.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Боге се загледа во Маре и по нејзиниот упорен испитувачки поглед знаеше дека треба да се доискаже: - Зборуваше главно тој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)