Се случувало во времето на овој долгорочен процес меѓу Албанците во едно исто семејство еден дел да ја сочува католичката вера, другиот да мине во православна, а подоцна трет во исламска религија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Откако И.И. заврши со мачниот попис на несреќите што им ги донесе исламската религија на Албанците, верно следен од авторитетниот поглед на А.А., продолжува: - Исламот што ни беше донесен со Отоманската Империја е сунитски, но во Албанија дојдоа и шиитите преку сектата на бекташите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се сеќавам на сцени од детството кога мајка ми, кога одевме кај православниот манастир Свети Наум, на самата граница помеѓу Албанија и Македонија (тогаш во состав на Југославија), да го гледаме родниот град Поградец на другата страна од границата, мајка ми, макар преминати одамна во исламска религија, палеше свеќа, бездруго, верувавме ние тогаш, да побара од Севишниот да ја нема повеќе границата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сега ќе видите какво штетно влијание имаше исламската религија врз албанското население и како нашата партија се пресмета со неа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А.А., беше свесен дека најтешка задача во создавањето на поставката на Атеистичкиот музеј имаше со елиминирањето на исламската религија од душите на луѓето, од близу три четвртини од населението во Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)