искривен (прид.) - уста (имн.)

Сепак, очите и искривената уста ѝ беа толку страшни што Кристина веднаш се повлече и во тоалетот останавме само јас и тетка Олга, која продолжи да ги цеди крпите во кофата и да цимоли.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ќе видиш кога ќе му кажам на татко ми! - вресна Томе низ искривената уста и избега по патеката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Впечатокот што мора да ѝ го оставил го измачуваше со денови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што ги цедеше од нив излегуваше матна вода при што таа цимолеше со искривена уста. Видов дека почнува да плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Говореше со искривена уста покажувајќи го со радост секому својот златен заб и уште ако кон сетоа тоа ќе се додадеше дека неколку дни прет тоа совлада на ринг некаков бистроок и црн Романе, јасно можеше да биде дека не можеше а да не го гледа со потсмев тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)