искривен (прид.) - лице (имн.)

Бригадниот генерал, стегајќи ја слушалката, си ги замислува разлутените и од бес искривени лица на командантите од таа страна на жицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога би имале негова фотографија, а таа ја нема, не би сакале да ја носите во паричникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во мене зјапаа чудни и искривени лица, задишани и испотени од дневната брзаница. Егзибиционизам?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ова е бебе на спазми, со искривено лице кое си ја менува бојата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не би ја ставиле неговата слика на тегличка со храна за бебиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)