искрен (прид.) - радост (имн.)

Со стишена гордост, но со задоволство бликнато низ искрена радост, долго зборуваше за она што можела да го стекне благодарејќи им на своите предци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го слушаше Камилски со доза на искрена радост и разбирање, но и со загриженост, и кога продолжи да зборува: Јас им покажав на тие западни педо-психолози каде е иднината на науката за детето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во зборовите што ги изречува додека го дава поклонот има искрена радост и топлина, пожелувања за љубов долготрајна што ќе донесе товари радост во срцата на мајката Роса и на мајката Вета, идната нејзина мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)