Британското напуштање на балканскиот простор пред Министерството за надворешни работи на Велика Британија го поставило прашањето од барање начини за повторно враќање на Балканот, сметајќи го него за своја интересна сфера.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Така, на пр., во едно писмо од бугарскиот „трговски агент” од Солун А.Шопов од 26.10.1903 год. до бугарскиот министер-претседател Р.Петров меѓу другото се вели: „Некои кругови на овдешнава Внатрешна организацнја сѐ почесто и посериозно зборуваат дека некои од началниците на таа организација влегувале во спогодба со српската влада или со некои кругови во Белград за заедничко дејствување во Македонија, но со јасни разграничувања на интересните сфери.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Земјите од блокот на Централните сили, како моќни држави, се појавуваат во времето кога светот веќе бил поделен на интересни сфери.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Особено агресивна за нова поделба на светот била Германија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во таква ситуација британскиот политички врв бил ставен пред нов предизвик, како да го врати британското влијание на Балканот, имајќи предвид дека Балканот се сметал за британска интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од средината на 1944 година, во односите на политичките елити на Велика Британија и СССР актуелно станало прашањето за интересните сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај сите настојувања, видливи во архивската документација, не може да се одбегне фактот дека и двете страни во потесните кругови, веќе од почетокот на 1944 година, "кроеле" планови за повоеното политичко уредување на светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Околу ова прашање свое мизслење изнел и Шаренкоф.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
"Г) Да го насочиме нашето влијание кон Балканот преку консолидирање на нашата позиција во Грција и во Турција и да се воведе и искористи Турско-грчкото пријателство како фундаметален фактор во југоисточна Европа и во Источниот Медитеран; и "II/ додека избегнуваме каков било директен предизвик на руското влијание во Југославија, Албанија, Романија и во Бугарија, да ја искористиме секоја можност за ширење на британското влијание во овие земји".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Кралството Југославиј,а британската дипломатија ќе започне да ги помага сите оние што се бореле против нацифашистичките окупатори, а со тоа и да го трасира својот пат кон идната поделба на Европа на интересни сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кралството Југославија ќе стане полигон на којшто ќе се води борба меѓу двете идеологии – комунистичката и капиталистичката, меѓу партизанското движење, предоводено од комунистите, и четничкото националистичко движење, предводено од генералот на кралската југословенска армија генералот Дража Михаиловиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таквиот став беше резултат на тежнението на САД преку југословенската буржоазија и монархија да го обезбеди своето идно влијание на Балканот, кое беше очигледно,почна да им избегнува од интересните сфери на западните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на "пазарењето" за интересните сфери со Советската влада, се истакнало дека, доколку Британија го следи влијанието на Русија во Романија, а тие го следат британското во Грција, сметале дека тоа "треба да се применува само во услови на војна", дека е тешко да се очекува дека некој од двете земји би сакал така и да продолжи "кога ќе дојде до мировна спогодба и кога ќе настапи поволен период, или да се прошири на другите балкански земји во поглед на важните интереси, што и обете страни би ги имале при обликувањето на иднината на Балканот во целост".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но сметал и дека тоа прашање тешко ќе може да се реши доколку се вмешаат големите сили и повторно започнат да ги играат игрите за создавање интересни сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, во времето кога се вршел притисок на Пуриќ и кога се одвивала кампањата против Михаиловиќ, К. Фотиќ покренал акција во Соединетите Американски Држави за да ги неутрализира притисокот и последиците од пишувањето на американскиот печат за НОВЈ и за Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Своето враќање Британија го гледала единствено преку инволвирање во движењата на отпорот и во народноослободителните движења, кои од средината на 1941 година ќе ја започнат борбата против силите на Оската на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Бидејќи во август 1944 година војната сè уште траела, тоа била една од причините Велика Британија да се однесува многу внимателно со македонското национално прашање, сè до новата поделба на интересните сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Она што било набележано во извештајот, по реакцијата на неговите експерти, не оставало сомневање дека на таа територија се случувале настани кои не им оделе во прилог на дотогашните британски планови за повоеното уредување на Балканот, а посебно во полза на Грција, која ја сметале за своја интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Новонастанатата состојба со формирањето на македонската федерална држава во рамките на југословенската федерација, пред британската дипломатија отворила едно многу сериозно прашање на кое требало што побрзо да се најде одговор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од извештајот недвосмислено произлегувал заклучокот за „неочекуваниот солиден славомакедонски карактер“ на областа во која престојувал Еванс и дека „западномакедонското словенско население во приложениот извештај е претставено како многу похомогено, испреплетено со бегалци или со други Грци, и произлегува дека е значително поголемо од она што беше претставено во грчките официјални податоци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)