Тука расте индустриски гигант - за каучук и рафинерија за нафта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Демографската експлозија во средината на 19-от век беше погодна за претворање на малите семејни мануфактури во големи индустриски гиганти.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Единствено демократската јавност во овој период, веќе моќен индустриски гигант, веќе закрепнат по големата депресија со Рузвелтовиот „Њу дил“, не ги испуштал од око настанитена Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Грубата ткаенина добила име blue jeans, а кај нас е позната и како тексас. 108 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
По јапонскиот напад на Перл Харбор, Рузвелт сè повеќе и повеќе размислувал за состојбата во светот и за односите меѓу големите сили по војната. 17 Во извештајот, кој бил поднесен до британскиот премиер Винстон Черчил, од страна на британските дипломатски претставници во Белград во однос на разговорите на Донован се констатирало дека југословенскиот министер за надворешни работи и водечките политичари не смеат да го кажат своето гледиште и дека единствен исклучок прави генералот Душан Симовиќ, како претставник на оној дел од офицерскиот состав кој е против германското форсирање на Балканот и против нерешителноста на Југословенската влада. 19 Никола Жутиќ истакнува дека „демонстрациите воглавно се поврзани за српските простори и затоа со причина водачот на земјоделската левица, проф. др Драгољуб Јовановиќ, таквиот српски бунт го нарекол ‘Трето српско востание’.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)