Кибернетичкото општество во целост зависи од голем број вакви луѓе кои меѓусебно комуницираат со брзина на светлината, преку државните линии и националните граници.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Општеството на иднината веќе не мора со тешкотии да толерира неколкумина отворени иноватори.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во идеални услови, јавната сфера е арена каде поединците учествуваат во дискусија за прашањата од заеднички интерес, во атмосфера без никаква присила и нееднаквост кои би можеле да влијаат врз индивидуалните мислења или да ги оставаат без глас.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тоа е засновано врз индивидуалното мислење, научните сознанија, брзата размена на факти во мрежа на повратна спрега, развиена висока технологија, практична фронтална креативност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)