Меѓутоа, продорите на изменетата свест се неопходни од време на време.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа, иако многу рок и поп музичари редовно користат марихуана непосредно пред концерти и музиката ја изведуваат во состојба на повеќе или помалку изменета свест (во добра или во лоша смисла, сосем е сеедно), поизострена перцепција на звукот и благо изменета психо-моторика, односно изменети можности од инструментот да се извлече саканиот звук на оптимален начин, сѐ уште не може сосема децидирано да се тврди дали марихуаната ги подобрува или оштетува музичките перформанси на музичарите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во литературната историја се познати многу писатели кои своите најдобри дела ги создаваат во состојби на изменета свест, кога се губи јасната граница меѓу здравјето и болеста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)