излижан (прид.) - гума (имн.)

Од браната натаму, погребната поворка кон гробиштата на Долнец, молкум се намали на еден трактор и на два џипа, едниот вилус, американски, со излижани гуми, и другиот лада, руски.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој велосипед со излижани гуми Господ морал секој ден да го вози по нерамната калдрма покрај Серава и низ Бит Пазар дури во Чаир.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А во прошетката по калдрмата качен на велосипедот спомнатиот Господ замислете си го и поднапиен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)