Весниците се полни со среќа, по тротоарите талка висока лесноумност, а издувните гасови ги покриваат авениите небаре автомобилите се движат на прдежи од грав.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Татините новокомпонирани курајберчиња ги испробуваа своите нови мотори испуштајќи им издувни гасови на провинцијалките и скотските радодајки кои беа дојдени да уловат некоја крупна транзициска ѕверка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ги голтаа пожолтените списоци со музички групи (залепени на извалканите стакла од издувните гасови на автомобилите), задоволни од исплатливоста на колекционерството и евтината пиратерија, која секогаш остануваше нерешлива дебата помеѓу мене и соп ственикот.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сите цвеќиња и сиот зеленчук очевидно изгледаа среќни и задоволни што беа во градините за кои се грижеше Кети, зад заштитните ѕидови од тули и живите огради, а не беа изложени на издувните гасови и испарувања од камионите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пред две години се пензионираше во Одделот за испитување на издувните гасови што ги испуштаат автомобилите на компанијата „Волво“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Уште ми мириса на бензин и на издувни гасови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го бранам на истиот начин како што ги бранам уметниците што пишуваат графити низ нашите градови.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Повеќе би сакал да видам (посебно во Милано и Италија) автобуси исликани со спреј, измачкани ѕидови со уметност или со нешто за што се верува дека е уметност, па дури и тогаш кога е тоа форма на иконокластика (сите знаци на културата на нашите метрополи) отколку валкани улици, автомобили паркирани во два реда или на тротоарите, или издувни гасови во населбите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Аерозагаденоста се зголемува со користење на разни видови горива во индустријата, и во домаќинствата, присуство на голем број моторни возила што исфрлуваат издувни гасови со големо количество олово.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се врати пред автобуската станица, се загледуваше во секое пристигнување и заминување - издувни гасови колку да сакаш!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)