И додека му се случуваше тоа, пропаѓањето во живиот песок, и тоа, изгубеното око во боевите, му плачеше, од под црната преврска прудолу по лицето се тркалаа крупни солзи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Човечето, тоа брадесто печурче со замаглени стакла преку изгубените очи, израсна од зад масата и стана добордушна насмевка со танкичка нишка грижа на усните.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Навистина студи во Москва и луѓето со празни и изгубени очи пак не знаат дали се пијани од радост или од тага.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Стадо в кавал заљубено ѕвоно в песна изгубено око в божур залудено Румено. Румено. Румено.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)