И самиот сличен на бесценет камен, висеше на невидлива нишка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Поминаа години и по толку изминато време и живите борци – учесници не без солзи раскажуваат за својата изгубена младост.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нивната задоцнета плата за изгубена младост.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Имај големо разбирање и за нивниот молк и болката што ја носат поради поразот и изгубената младост.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Лево, рој женски гласови се оѕваа и, чиниш со лесен лет на пеперутка, ја пробиваат темнината и кратко, задржувајќи се меѓу осакатените дрвја, јагленосаните гранки, подгорената трева и овенатите полски и шумски цвеќиња - ја отпеваат изгубената младост, убавината и недоживеаната љубов...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)