- Еј, стариот ти е на телевизија! - го довлечуваат пред екранот откаде таткото херој смирено зборуваа за револуцијата што тече: - Никој не порекнува дека генерацијата на нашите деца е на некој начин жртвувана, но за сите нив, ве убедува, не е изгубена гордоста што се дел од заедницата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И таа кутрата ќе беше среќна што синот најпосле се враќа, но едновремено со притаена и изгубена гордост што тој повеќе не ќе може да им помага на Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само дописникот на југословенската новинска агенција (Танјуг) со седиште во Алжир, со кого се познавав уште од деновите на новинарството во младинските весници, ќе ја објавеше веста за прошталниот прием кај Арафат, која ќе стигнеше сигурно до мојата Мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)