Имаше целосни информации и за џамијата Исак-беј, подигната уште во 1508 г., за Хајдар џамија, од 1561, како и за џамијата Јени Моске, изградена во 1558, а во новото време претворена во уметничка галерија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А самата жетва поминуваше со многу радосни возбудувања: сè, ама сè ги развеселуваше жетварите: скоривањето некоја птица од седелката изградена во житото, јали некој зајак, јали некоја лисица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше изградена во форма на сателит, но сите решенија беа многу успешни зашто се е така приспособено и во многу ограничен простор да може да се располага комотно со кујната.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Видов еден голем споменик, изграден во знак на сеќавање на еден„бернардинец“, кој беше направен така, како да лета над една бездна, сиот во некаков залет.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Станбената зграда „Победа“ беше стара, изградена во триесеттите години, или приближно тогаш, и становите се распаѓаа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во старата беговска куќа, изградена во низата други уште во османскиот период, со видливи примеси и на градската западна архитектура, внатрешниот дел, душемето, вградените сергени, скалите, плафоните беа изградени со буково дрво.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
При искачувањето по скалите и чекорењето по душемето се ослободуваа необични звуци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Била изградена во 1475 година како завештание на третиот османски заповедник на градот Скопје Иса-бег.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Градбата ја претставува раната цариградска архитектура изведена според примерот на џамијата Рум Мехмед-паша од Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Спротивно е Домот на културата изграден во времето на колективизацијата, ударнички, со работна акција.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Авторот на книгата, при престојот во родната земја, ќе го соочат со пеколното демолирање на верските објекти, ликвидирањето на свештениците и на крајот со показот на Атеистичкиот музеј, последен од таков вид во светот (изграден во 1973 година по угледот на советските атеистички музеи од времето на Ленин и Сталин).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таква пирамида, впрочем, и реално беше изградена во Тирана...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Затоа престојното востание тој не го сметал како чин кој требал да придонесе за ослободување на Македонија, туку го разбирал како една поширока оружена акција која како продолжение на онаа горноџумајската, предизвикана од Врховниот комитет, ќе го вжешти уште повеќе македонското прашање, ќе го направи уште поактуелно, а сето тоа во рамките на онаа политика изградена во Софија што предвидувала преку судири, притисоци, “метежи“, пропаганда и слично создавање на нужната атмосфера за “престојното“ ослободување на Македонија од бугарската армија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се работи за еден вид облакодер, но изграден во облик на спирала, така што на секој кат (а не само на кровот, како обично) постојат тревник и ниски дрвја, а до врвот не се доаѓа по скали, туку по кривулесто патче.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таа, имено, е контура на една од скулптурите на голите херои коишто се наоѓаат на олимпискиот стадион во Рим изграден во времето на Мусолини.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Безизразноста на тоа поле панел, 201х133 см, 1993 станува уште попарадоксална ако знаеме и за една историска референца врз основа на којашто Хјум ја формирал својата со грб свртена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И додека пред три години го гледав во далечината приближувањето на Галеб, тој во далечината ми се виде токму како птица, која доближувајќи се до брегот ги шири своите крилја, се престорува во лаѓа, па во голем бел брод.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше славниот Титов брод Галеб, односно школскиот брод на Југословенската воена морнарица, изграден во 1938 година, а реконструиран во 1951 година на своето последно медитеранско кружно патување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од ниското куќаре, веројатно диво изградено во дворот, излезе маж и нешто не прашува.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Старото село било изградено во средината на сега непостојното планинско езеро.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)