По добивањето на првостепената пресуда, работодавецот – незадоволен од истата – во декември 2003, преку својот полномошник- адвокат (П. Трајковски и неговиот заменик Д. Деспотовски) поднесува Жалба до Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пресудата со којашто делумно се усвојува тужбеното барање на тужителката, судијата (Ј. Лазаров) ја донесе и ја објави во текот на месец мај 2009, a стана извршна во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во текот на судскиот процес, којшто траеше нешто повеќе од девет месеци и кадешто беа одржани вкупно пет рочишта (шестото беше оправдано одложено) – таа беше застапувана од истиот полномошник, а лично се појави само на едно рочиште – кога требаше да биде распитана како странка во парницата.8
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот жалбениот суд, по пет месеци – во мај 2004 – со Решение ја усвојува жалбата на „Киро Ќучук“, и истовремено ја укинува првичната пресуда, а предметот го враќа на повторно судење.5 Но, и по повторената постапка, судот во Велес – во март 2005 – во отсуство на законскиот застапник на „Киро Ќуќук“, кој не дојде и покрај уредната достава на поканата за рочиштето за главна расправа, пак носи позитивна пресуда во корист на Авдиќ, која станува правосилна и извршна во јуни 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)