Значи, ја растоварија колата, лубениците ги изнаредија во тремот, а татко ти влегува дома со блажена насмевка после добро извршената работа и по двете или трите ракии што обично ќе ги испиеше на пазарот шетајќи по тезгите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако се има во предвид дека во Р.Македонија од неодамна и средното образование се третира како задолжително и најчесто трае 4 години (од 14 до 18-годишна возраст) тогаш станува нејасно дали законодавецот мисли на задолжителното основно образование или пак предвидува законска можност за вработување која е практично неизводлива во реалноста!?; г) беше додаден нов став кон чл. 252 кој предвиде дека работодавачот кој ќе склучи договор за извршување на работа надвор од неговата дејност (договор за дело, авторски договор), а притоа ќе исплати надоместок (т.н.„хонорар“) за извршената работа во износ повисок од износот на минималната плата утврдена со закон16 е должен да плати придонеси од задолжително социјално осигурување (чл. 7 од ЗИДЗРО/јул.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На Евангелидис му била платена половината од сумата, а другата половина требало да ја земе по извршената работа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Може ли тој лесно да им откаже на своите работници, во овој момент, кога тие чекаат да бидат пофалени наградени за извршената работа?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По недобивање одговор на овој поднесок, во мај 2008, поднесена е тужба до надлежниот Битолски основен суд – по основ на надоместок за извршена работа во износ од 19.900 МКД (325 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А уште почесто зема од чифчиите да работат по бавчите и двориштата на агите, а по извршената работа, ако си ја бараат платата, од ќајата добиваат само ќотек.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)