И на извесен начин, се покажува силна моќ да се претстави сета апсурдност на еден идеолошки и тоталитарен режим, успевајќи да претстави два живи лика во нивното возбудливо пријателство: ерудитот убеден во моќта на духот и козарот цврсто всидрен во моќната природа...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
После седумдесеттина години од историјата на филмот, колку што ја делат Ворхоловата работа од овие пионерски обиди, неговите филмови, дури и со идентична содржина, добиваат сосема поинакви конотации, како кај Кле, кој откривајќи го детскиот цртеж, подигна еден вид симболизам на ново ниво.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во моментов е тоа многу комлексно прашање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Веќе беше забележано дека овој напад, доколку се покаже како успешен, не само што блокира еден извесен начин на размислување за тоа како ние зборуваме, и учиме да зборуваме, - за нашите сопствени ментални состојби и процеси, туку засега и некои поопшти епистемолошки преокупации; имено, покажува дека на „картезијанскиот“ пристап кон прашањата во врска со знаењето може да му се упати особено остар предизвик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во услови на потполно бомбардирање од најразлични информации, на извесен начин мораш да бидеш еклектичен.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Витгеншајновиот аргумент за приватниот јазик претставува напад врз идејата дека може да постои јазик кој би можел да биде разбран единствено од неговиот корисник, т.е. логички приватен јазик. 64 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол во своите филмови непосредно се надоврзува на својот сликарски опус (како Фернанд Леже во „Механичкиот балет”,1924.) во естетичка, и како што видовме, во технолошка смисла, и на извесен начин го негира филмското наследство.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Секако, на крајот тој и стана маченик.” •Дали Клиф и Ен се чувствуваат виновни поради тоа што на извесен начин се радуваат на фактот дека човекот е убиен и дека повеќе нема да им пречи? •Хичкок: „Несомнено, иако тие, во својата совест, не се ослободија докрај од него.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Првиот повторно прашува: „А што е тоа MacGuffin?“
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сите овие претпоставки мене ми ги потврди раскажувањето на пријателот Пејо, кој рече: "Знаеш, најнеобично е тоа што токму кога јас мислев дека присуствувам на еден судир што на извесен начин допрва требаше да се случи пред моите очи, речиси токму тогаш ако не и пред тоа, јас црниот човек го видов како се оддалечува од местото на судирот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На извесен начин и себеси се сметам за претставник на резултатите од тие поинакви однесувања!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Знаев дека не можам да му понудам прифатлив одговор. Сепак, сторив обид.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Саздо преку ветробранот на локомотивата гледа напред - нервозен, загрижен, на извесен начин нестрплив.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
ЛЕНА - Држечка старица со јасно изразени нобл манири која на извесен начин делува одбивно. Во основа благородна.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Попрво, тој значи таа да се разбере како можност за геј-мажите да најдат заменски идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одредени одговори на тоа прашање веќе дале студијата на Ричард Дајер за геј-мажите и Џуди Гарланд, студијата на Нил Бартлет за геј-мажите и Оскар Вајлд, па дури и студијата на Д. А. Милер за геј-мажите и бродвејскиот мјузикл, при што сите тие даваат мошне различни визии за машката геј-култура и за машкиот геј-субјективитет – иако визии што не се неспојливи со сликата што ја иcцртав тука.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како ќе мораше да се смени мојов приказ на машката геј-култура да се однесуваше на некој друг лик?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па не е мудро, тогаш, да се апстрахираат, да се деспецифицираат, да се генерализираат, да се хомогенизираат и да се сведуваат на некоја универзална граматика на машката геј- култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто мајката е и буквален и фигуративен лик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Им овозможува да се стават во извесни начини на суштествување и чувствување, да ги испробуваат, да ги споредуваат и да ги критикуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Џоан Крафорд како Милдред Пирс на геј-мажите им обликува и им става на располагање емоционална ситуација што можат да ја истражуваат, за да се здобијат со гледиште за аспектите на сопствената неволја.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, класичниот есеј на Ричард Дајер „Џуди Гарланд и геј-мажите“ ја истакнува нејзината „комбинација од сила и страдање“, посочувајќи ја како извор на нејзината геј-привлечност.423 Таа комбинација навидум на извесни начини соодветствува со комбинацијата на гламурозноста и абјектноста што ја издвојува кинематографската персона на Џоан Крафорд и што, барем делумно, ја објаснува моќта што ја има врз своите геј-обожаватели.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На некои луѓе, додека уште се живи, им се крева споменик, камен врз камен (тегоба, поттурнување и на извесен начин омраза, врз тегоба и врз поттурнување или врз омраза), славеникот за да не може да стане од под тој куп психички притисоци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Татко охрабрен продолжи: Балканците, чии предци живееле под Отоманското Османското Царство, кои се вникнати целосно во своите мајчини, потоа национални јазици, стануваат свесни дека постои еден значаен фонд зборови, од османско-персиско-арапско-турско потекло кои им овозможуваат на извесен начин дури и да комуницираат меѓу себе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Го чувствував мајчиниот трагизам, оставена да не ја доврши мисијата за која ја беше испратил во животот Севишниот, нејзината немоќ, низ татковите книги да го предвидува спасот на семејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој ќе го објави крајот на повелбата на ПЛО која ја одречуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXX Животот сакаше, судбината помагаше во моите дипломатски години да го споделам, на извесен начин, во замислената стратегија на Хенри Кисинџер, првиот чекор кон мирот во решавањето на палестинско-израелскиот судир, кој требаше да биде означен со првите палестинско-американски разговори во претседателската вила Магребија, во срцето на Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше на извесен начин притаено задоволна, смирена, што најпосле ќе може некому од своите чеда да му ја препушти грижата за библиотеката во домот, каде што веруваше дека во книгите беше задржана татковата душа со која често можеше гласно и да зборува читајќи ги страниците врз кои беше посипана пепелта од цигарите при некогашните таткови занесни читања кога беше најжив, сеприсутен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На извесен начин, партискиот поглед на светот најлесно им се наметнуваше на луѓето кои беа неспособни да го разберат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На улица беше можно да се разговара на извесен начин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На извесен начин таа сфаќаше дека и самата е осудена, дека порано или подоцна Полицијата на мислите ќе ја фати и ќе ја убие, но со друг дел од разумот веруваше дека е можно некако да се создаде еден таен свет, во кој можеш да живееш како што сакаш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко и Игор Лозински на извесен начин се оддалечуваа од темата на јагулите, но на еден друг начин ѝ се доближуваа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Има работи поштедени од човечкиот поглед
а врежани во третото
на извесен начин поетско око.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Наспроти привидот, оваа смрт на книгата несомнено ја навестува (на извесен начин, отсекогаш) само смртта на зборот (на еден самонаречен полн збор) и новата промена во историјата на писмото, во историјата како писмо. 52 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дали го знаете или сте слушнале за Франсоа Масперо?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На моменти, помислувам дека лошото функционирање во доменот на земјоделието (ситуацијата е уште повеќе влошена последниве три месеци) е на извесен начин идентично со положбата во културата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На извесен начин ни помогна и административната одлука во секоја одвоена зграда да нема повеќе од 30 пациенти, но и тој број може да создава проблеми, особено ако амбулантните пациенти се мешаат со хоспитализираните.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)