Татко се заблагодари, тивко, со избрани зборови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Веќе имаше избрани зборови на нишан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски во знак на согласност кимна со главата и веднаш се внесе во своите списи, готов да започне да реферира за своите пет избрани зборови, но очекуваше и Татко да ги каже своите пет збора.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога кон мугри допираа првите зраци светлина, Климент Камилски конечно го наполни куферчето со нужната литература да се бори со петте опасни зборови, и потоа подлегна, малку да се одмори, бргу го совлада сонот и во него немирен, продолжуваше да ја дополнува смислата на избраните зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко сѐ повеќе се навлекуваше во мисијата за која на почетокот не веруваше дека ќе трае толку долго време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко се заблагодари со избрани зборови и не му дозволи воопшто на Камилски да ја отвори големата кутија со колекција од лупи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со избрани зборови истакна дека на нашата делегација ѝ се чини голема, единствена чест, досега незабележана кон некоја странска делегација, да се подготви програма за гледање на најдобрите театарски претстави во кој триумфира социјалистичкиот реализам, по повод стогодишнината од раѓањето на великиот Сталин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со избрани зборови му напиша едно писмо на својот пријател Марко Кравата во Торонто, Канада.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Михаил, уредно го составуваше писмото со внимателно избрани зборови кои не беа наменети никого да навредат, никого да унижат и кудат, само со молбени изрази сакаше да си го врати неговото шимпанзо кое го засака повеќе од сопствениот брат, затоа што, како што знаеше да каже, имаше повеќе рацио, интелигенција и емоционална зрелост од него...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Најде избрани зборови и за мојата мисија, макар што таа беше повеќе посредничка, вообичена, отколку иницијативна, креативна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше човек со живи емоции, иако во поодминати години од животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Елоквентниот Месади, откако ја отвори свечената седница и го поздрави со избрани зборови врховниот борец Хабиб Бургиба, ги претстави и претседателите на дваесетина стари и нови партии, кои требаше да се претстават со своите нови програми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Има во суштината на животот состојби кои не можат да се откријат со моќта и на најсреќно избраните зборови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога оцени дека е тишината погодна да го наложи својот авторитетен глас, секретарот, Трим Тоска, Албанец, познат првоборец од овој крај, стана и ги претстави присутните со избрани зборови, најпрвин претставникот на централниот комитет на Партијата, потем претставниците на Министерството за градежништво и урбанизам, па локалните функционери, како и биологот Цветан Горски, Јагулче Дримски очекуваше да го слушне и своето име. Ама, ништо!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)