Се разбира, обете патувања, по многу години, извлечени од некогашниот историски контекст, можеше да се сметаат за помалку значајни епизоди, но во историјата на нашето семејство во егзил, тие можеа, во времето на погромите, особено патувањето во Италија, да се сметаат за сомнителни настани кои тешко можеа да им се објаснат на тогашните идеолошки умови, а да се немаше последици врз спокојот на доселеничкото семејство кое постојано трагаше по рамнотежата помеѓу напуштената и новонаселената земја. ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)