иден (прид.) - ќерка (имн.)

- Мојата идна ќерка?! – се изненадува, но веднаш додава восхитено: - Баш интересно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си дошла од иднината? – ме прашува толку едноставно како да е тоа нешто најобично на светот да се вратиш триесет години наназад и да ја сретнеш сопствената мајка кога е на твоја возраст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас сум Бреза, твојата идна ќерка. – Го изговарам ова и победнички ја чекам реакцијата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)