Во еден сеуште релативно ран момент од процесот на растворувањето на универзитетот и културата, студентите, далеку од желбата да го спасуваат мебелот (воскреснуваат изгубен предмет на некој идеален начин), одговорија дофрлајќи ѝ го на власта предизвикот на тоталната, моментна смрт на институциите, предизвикот на детериторијализацијата, многу поинтензивна од онаа што ја предизвика системот, и повикувајќи ја власта да одговори на тоа тотално свртување на научната институција, на тоа тотално откажување од акумулацијата на едно дадено место, на таа, во крајна линија, намерна смрт - не беше тоа криза на универзитетот, не е тоа некој предизвик, тоа е, напротив, игра на системот, но е смрт на универзитетот - на тоа власта не можеше да одговори, освен со сопственото распуштање (можеби само за секунда, но ние тоа го видовме).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се разбира дека Селин е супер-деликатен за преведување и дека фрагменти од романите не се баш идеален начин да се претстави еден од највлијателните писатели на 20-иот век. Но, тука сме.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)