Да ослепат да даде господ, овие што нашироко рекламираат дека на пазарот е достапен целосно природен препарат за потентност за зрелите мажи (кои со своите жени одамна снеможеле и го користат „Џоле“ само за мочкање), што во прилог им оди повторно само на младите „спонзоруши“, кои од сега, освен што уживаат во имотот на своите офарбани љубовници, ќе можат и сексуално да се „упражњаваат“. Во прилог на кампањата!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Песната, полна со љубовен дерт, пееше за љубовта на зрел маж кон девојка што свири на ут, таа ориентална лаута, во еден кафѐ-шантан од истиот овој град, кој тогаш, ги пречека со својата медитеранска топлина, ориентална страст и егзотична насмевка.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беше млада и страста ја заведуваше и неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Плачеше ли тогаш или се радуваше малата Сања под раздивеното тело на Авни, беше дилемата на тетка ѝ која, наслушувајќи преку ѕидот што ја делеше од собата исполнета со усвитеноста на зрел маж и девојче кое штотуку ја доживува својата женскост, почувствува необична потреба и таа да биде дел од играта и, во исто време, и плачеше и се радуваше додека залепена со увото за ѕидот, со средните прсти од двете раце силно се притискаше меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)