зол (прид.) - час (имн.)

Глас на епските ѕвона што се слуша ноќе, во зол час: високо – орлица, под неа – орница, на ортома меѓу нив – Ти!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
— Земи, побратиме, да ти се најдат на зол час, оти виа ефендиите ошче утре ќе те грабнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прибери си ги паричките да ти се најдат на зол час — го заврши Мирче разговорот со Мирчевица и му откажа на поп Петрета да му биде аргатин денеска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе јадеш некоа и друга ока ќотек, токо прави го алав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во нас, од злиот час, Шепне слови, благослови, Успокојува, нè спојува Себе со себе, Со спознанието И сушноста на битието, Кое длабоко го криеме, Кое теши кога спиеме.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Но откога се смеша времево, и особено откако изби војната во Европа, старата книга почна да придобива сѐ поважна улога во берберницава, како да чекала стрпливо само за тоа да се најде во ваков зол час.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие секоја година носеа таму со товари жито, брашно, грав, сол и други продукти за јадење, да им се најде во зол час, кој ете сега настапи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)