значаен (прид.) - одлука (имн.)

Насети дека Татко под­го­твува значајна одлука штом почнува вака, одоколу.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доаѓаше овде пред значајни одлуки во животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што секој ден, секој час, морам да донесувам значајни одлуки кои историјата ги наметнува, на кои не чека и кои не ги простува. Знаеш ти каков е тој притисок?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За разлика од газдата на арабаџиите, макар останати без некогашното богатство, тројцата стари играчи остануваа со непроменлив ведар дух, трпеливост, толерантност и здржаност пред значајните одлуки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)