значаен (прид.) - личност (имн.)

Кога тој,на неговите студенти во Америка, им кажал дека лично се сретнал со Гордон Крег, со Тристан Цара, со Пикасо, со Албер Ками, ама и со многу други, исто така, значајни личности во уметноста, студентите, изненадени, го прашале дали го познава и Балзак.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Двата главни блока во секој број ќе бидат: претставување на значајна личност (Набоков, Пинчон, Дишан, Дерида... во првите броеви) преку интервјуа, критички текстови и преку самото нивно творештво.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Цви Корец ужива во секоја реченица од тоа интервју што сега, сиот блажен во карцерот бр. 84, прецизно го реконструира, сеќавајќи се на расположбата во која тие зборови и ги изговараше: „Бев примен со големи церемонии и имав разговори со еврејските значајни личности, како на пример со претседателот на Ционистичката унија Давид Флорентин и со други, како Молхо, Реканати, Морфорго и Модиано...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го погледна љубопитно владиката: „Кои се луѓето што таму ги познава овој интелигентен јарец?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаете ли дека некои од моите тогашни скромни пријатели станаа многу значајни личности во германската општествена хиерархија, пред сè во Берлин?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој стоеше достинствено исправен, со широко издадена рака, потпрен на својот свечен пастирски стап.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите.  „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц.  „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие ги пеат песните на Земјата на Израилот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На малото пусулче прочита уште други имиња на значајни личности од владата на јужната Република. Кој да се сети на сите имиња?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)