За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
За штедрите, брзи и точни информации и за помошта во расчистување на дилемите што ми се јавуваа во текот на работата, особено му благодарам на Пол Хагуел од Солун, доктор на науки по електротехника и компјутерски науки и на значајни трудови од таа, но и од областа на историјата на солунското еврејство, кој ме снабдуваше со електронски изданија на книги и текстови на грчки, шпански и англиски од историјата, духовноста и етнографијата на Сефардите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во текот на пишувањето ја имав поддршката од Еврејската заедница на Солун олицетворена во претседателот на нејзиното собрание, Хајнц Салвадор Кунио, преживеан страдалник од Аушвиц и автор на една значајна книга сеќавања и документарни сведоштва.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И тогаш Едгар Морен напиша неколку значајни книги, осудувајќи го тотал-национализмот на Балканот како причина за братоубиствените трагедии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)