значаен (прид.) - аспект (имн.)

Потоа Камилски забележа дека поврзаните капиџици можеле да обединат цело маало, од еден во друг двор, без да се излегува на улица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, тие различни пристапи не доведоа до усогласен опис на научната апаратура или терминологија, а неколку значајни аспекти на овој предмет и понатаму се запоставуваат - а меѓу нив, и тоа не на последно место, се наоѓа и анализата на ефектите од графичката комуникација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова има свој одраз во многуте современи теоретски размислувања за јавниот простор, каде градовите остануваат во фокусот на анализата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, барем во еден значаен аспект нашиот современ концепт за јавниот простор е значително различен од оној на античките polis и agora.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Овој збор Камилски го поттцрта со црвен молив, издвојувајќи го за поопстојно разгледување со Татко, како и израз кој сведочеше, според него, за еден од значајните аспекти на османската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)