Не се истргнаа тие стебла од земја и не ги оставија зад себе своите кори како змиски кошули за да појдат голи и бели во молчалива месечарска колона.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Првин ќе видам слечена змијска кошула, ќе наѕрам во неа, а некаде од зад мене, ќе се појави змија или смок или слепјак и ќе ми се качи да ме облазува, да ме врзува, да ме цица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)