Ги вртев страниците и им се восхитував на даровитите скаски и приказки на народот, на богатите души на раскажувачите, уште повеќе на златната рака и душа на запишувачот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Таа златна рака што ја има тоа дете заслужува нешто многу повеќе“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Море, кој сака нека биде, лели помислил за сиромашчината, да му се златни рацете! — се јави некој од купот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жена му пак, Калија, и таа со златни раце како него, кои во коприни донесени од Измир со срма правеле чудесии, на ибн Пајко му била десна рака и десно раме, ама и чувар за нивната неизмерна меѓусебна љубов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)