Доколку сосетката со златни дамки на лицето се омажи, се скраси намалена во сенката на заштитникот, нивните исчукани домаќини со темни сенки под очите од неспиење ќе се смират и не ќе скокаат ноќе од сламарниците и рогозините да се движат призрачно нечујни по селото како плеснати по тилот со биволски опаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Златните дамки на лицето имале свои коренчиња под клепките, тоа можело да се види по необичниот сјај во очите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се ближел нивниот ден со кој ќе почне големото спокојство што во старите времиња се раѓало од медовина и расцутени макови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)