Во Едемската градина - корија со рајски дрвја, на дрвјата рајско јаболко, јаболките на златни гранки, на гранките чучулиги, од чучулигите песни, од песните бистри кладенци. До кладенците Дрвото - на - сознанието.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
4. Кога еднаш надвор од природата ќе бидам, јас никогаш В тело од природни нешта нема да се најдам Туку во облик кој златарите грчки го прават Од ковано злато и емајл златен За со нив сонливиот цар да го држат буден; Или на златна гранка ќе им пеам седнат На господата и дамите од Визант За она што минало, минува или доаѓа. (В.Б. Јејтс – „Едрење во Византија“)
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)