зимски (прид.) - тишина (имн.)

Како да беше само камена статуа стопена со сивилото на собата во која седеше сосема сам, во зимската тишина на некој далечен, невидлив снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред мракот снегот сосем престана. Небото се истанчи и се крена високо, оставајќи под себе белина и проѕирност, оставајќи ледена зимска тишина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)