Проѕирен, за да може да му се види под кожата огнот и зелениот јад, секоја ноќ на Рубина Фаин и се враќа куц и страшен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Боцкате со револт на малите
и неистребливите
полни мравја киселина
зелен јад, јад-бог
за да ги бележите јасно
патиштата кои треба да се заборават.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)