зелен (прид.) - чоја (имн.)

Одеше по улиците, заскитуваше по уличките, без цел и врска, како билјардско топче не по зелена чоја со прицелни дупки туку по камена подлога со повремени локви.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ што забележа беше дека во просторијата има две мали маси точно пред него, секоја покриена со зелена чоја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влатче гордо фрли еден поглед на колегите наредени на масата послана со зелена чоја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)