зелен (прид.) - трева (имн.)

Тапчат како по дебело веленце, како по мека росна зелена трева.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги фати како јадеа зелена трева и набабрени пупки. На сите нам малку ни е храната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седнавме врз зелената трева пред куќата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во еден од дворовите на комшиските куќи имаше прекрасна зелена трева. Вистинска шумска ледина.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Како килим убава зелена трева.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Скокна силно и се најде сред бујната зелена трева.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се сместуваме во зелената трева, подалеку од чешмата, постиламе, се приготвуваме за ручек.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Од нив како жолти пеперуги ќе се разлетаат лисја и слетуваат на зелената трева.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сонувајте мирно тринаесетмина, на родната земја загинати чеда, под зелена трева, под ширина сина, под ридот што тажен и замислен гледа.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Личеше на бела пеперутка што се метка низ зелена трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Децата трчаат наваму, натаму, давајќи му поголема веселост и раздвиженост на овој собир, жените одат една до друга, си разменуваат парчиња погачи, сирење, варено жито, а мажите, распоредени по маали, седат на зелената трева во големи кругови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Големо газебо со викторијански стубови, милион цвеќиња, идеално потшишана зелена трева, алпинетум со фонтана, грандиозна скара...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
11. НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА - до првото орање, до ѓубрењето барем, потоа од ноздрите и облаци да креваш ќе се најде понов, веќе помек јарем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Еден од неговите луѓе, чпртав и пеплосан во лицето, инаку со повеќе волнена облека на себе отколку што можеле двајца да носат, зимурлавник со име на лесновски светец Гавруш и со презиме што можело да биде име пред десетина векови - Пребонд, ги пребројувал луѓето додека минувале со запрегите кон неголемата рамнина со ретка но смарагдно зелена трева; стоел до младиот старец со кожув и со сомневање ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоел исправен и привидно спокоен сокривајќи ја својата потиштеност најмногу заради споменатата тепачка на дојденците со Турците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седевме во топлите мајски пладниња на зелената трева и гледавме се додека околните планини не добија боја на пепел.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И такви какви што бевме, умеевме со радост да гледаме како изгрева сонцето и да ги разликуваме сите мени на утринските бои; умеевме со восхит и страст да му се радуваме на сончевиот зрак што преку цепнатинките на бараките се разигруваше на ѕидот; знаевме во него да гледаме се додека го снемаше, да гледаме во молк и исполнети со надежни мисли; знаевме во свежите зори да го слушаме ведриот пој на птиците; знаевме до зачудување да се загледуваме во чашките на расцутените цвеќиња, во кои проигруваше пчела, во килимот на зелената трева и до бесконечност да го следиме облачето заскитано на синото небо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пред нас беше едно мало проширување меѓу карпите со сочна зелена трева и разнобјни цвеќиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Неговите посмртни останки ќе почиваат на врвот од ридот Ал Рабвех со поглед на Ерусалим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На арапски јазик ал-рабвех значи рид прекриен со зелена трева.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не умри коњу до зелена трева.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Целиот простор пред камената карпа на кој сѐ уште се гледаат остатоци од ровови, расте бујна зелена трева и многу планинско цвеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тони искршено и парчосано железо гние во земјата обрасната со густа зелена трева.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе појдеме ние на излет или со своите домашни или со своето одделение, си замислуваме убаво да си поминеме, да пронајдеме чисто место, со зелена трева, со цвеќиња, а такво место не наоѓаме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
-Како да го разберам соединувањето со природата? – праша Еразмо, протегнувајќи го своите нозе врз мекиот килим од зелената трева.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Крај патот, од едната и од другата страна, растеше сочна зелена трева.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се сместуваме во зелената трева, подалеку од чешмата, постиламе, се приготвуваме за ручек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Скокна силно и се најде сред бујната зелена трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од нив како жолти пеперуги ќе се разлетаат лисја и слетуваат на зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од некаде пресели во градината и полжави, кои секое росно утро ткаеја сребрени ленти по зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На домашната страна не можете да ја допрете “зелената, зелената трева на домот”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Го чувствуваш ли ова, Смит? Аххх... Зелена трева. Си помирисал ли, воопшто, нешто поубаво?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)